Дизајн и изработка на мобилна апликација за Europe House
Проектот “Дизајн и изработка на мобилна апликација за Europe House” цели кон развој на мобилна апликација за настаните и активностите кои се организираат во Europe House за Android и iOS. Проектни активности се: Дизајн и продукција на мобилна апликација за настаните и активностите за Europe House. Организација на 3 работилници со средношколци за развој на мобилната апликација. Промотивен настан за апликацијата. Продукција на промотивни видеа и анимирани туторијал и Тренинг за администраторите на апликацијата.