Проектот “Дизајн и изработка на мобилна апликација за Europe House” цели кон развој на мобилна апликација за настаните и активностите кои се организираат во Europe House за Android и iOS.
Проектни активности се:
- Дизајн и продукција на мобилна апликација за настаните и активностите за Europe House.
- Организација на 3 работилници со средношколци за развој на мобилната апликација.
- Промотивен настан за апликацијата.
- Продукција на промотивни видеа и анимирани туторијал и
- Тренинг за администраторите на апликацијата.