Проектот цели кон подигнување на јавната свест за ризиците од корупција преку иновативна алатка за самопроцена на личната отпорност на корупција.

Проектни активности:

  1. Подготовка на тест за самопроценка кој има за цел да им овозможи на граѓаните да ја тестираат сопствената отпорност на корупција.
  2. Он лајн настани за промоција на тестот за себепроценка и презентација на експертски мислења за тестот.
  3. Иновативна кампања на социјални медиуми преку која ќе се подигне свесноста на граѓаните за негативните ефекти од корупцијата и промоција на тестот за себепроценка.

Таргет групи се граѓани, млади луѓе, вработени во институции, претставници на бизнис секторот и новинари.

Корупциски отпечаток – тест на морален интегритет е суб-грант на проектот „Заедно во борба против корупција “– финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Центарот за истражувачко новинарство СКУП МАКЕДОНИЈА од Скопје во соработка со Институтот за човекови права (ИЧП) од Скопје и Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ од Гостивар,” – Скопје.