Интерактивната дигитална платформа, мЗаедница, е составена од мобилна апликација и административен панел за поддршка на граѓаните и локалната самоуправа да создадат подобра општина.

Мобилната апликација мЗаедница го промовира концептот на мобилно учество (м-учество) како алатка за зголемување на граѓанското учество во активностите и процесот на донесување одлуки на локално ниво. Мобилната апликација мЗаедница е достапна за паметни телефони кои користат оперативни системи на Android и IOS и дава можност  секој граѓанин да:
1) пријави проблем,
2) да предложи решение и
3) да започне иницијатива во заедницата во согласност со принципот “онлајн било кога било каде”.

Интерактивната дигитална платформа, мЗаедница, е пилот во општина Карпош со над 60.000 жители. мЗаедница придонесува за информирање на граѓаните, директен контакт со општинските служби и зголемена транспарентност.

Интерактивната дигитална платформа е прилагодлива за секој град и на било кој јазик/ци по потреба. Пакетот вклучува мобилна апликација за IOS и Андорид, брендиран административен панел за општината, дизајнирани промотивни материјали и три (3) обуки за зајакнување на капацитетите (за ИТ секторот, за раководителите на секторите и одделенијата и за членовите на Советот на општината).

Соопштение за медиуми

Правила на користење

Политика на приватност






Facebook


Globe