https://blink42-21.mk/wp-content/uploads/2019/03/ZZG_FB_COVER_20s-1.mov
Сезона 1: Дезинформации
Сезона 1: Материјали
Сезона 2: Антикорупција
Сезона 2: Материјали
Сезона 1: Дезинформации
ЗдравоЗаГотово е видео кампања која ги разобличува лажните вести и ја прикажува медиумската манипулација преку откривање на тоа како одредена тема е обликувана и искривена со користење на лажни вести.
ЗдравоЗаГотово
Сезона #01: Дезинформации
Кампањата ги разобличува лажните вести и ја прикажува медиумската манипулација преку посочување како одредена тема е обликувана и искривена со користење на лажни вести. Кампањата ги покажува тактиките и стратегиите кои се користат кога одредена тема е покриена во медиумите преку лажни вести и дезинформации со цел да се влијае на ставовите на јавноста.
На овој начин кампањата ги покажува тактиките и стратегиите кои се користат кога одредена тема е покриена во медиумите преку лажни вести и дезинформации, наместо да се фокусира само на разоткривање на одредени лажни вести. Финалниот ефект е креирање на производ кој го прикажува контекстот на лажните вести, надополнет со промоцијата на алатки за анализирање и конзумирање вести. Носечки дел на кампањата ЗдравоЗаГотово беа 4 продуцирани видеа кои обработуваа теми кои доминираат во медискиот простор и имаат значајно влијание врз формирањето на ставовите на јавноста.
Кампањата во целост се реализираше преку социјалните медиуми и за кратко време овозможи преку 200.000 прегледи и 20.000 интеракции од Фејсбук корисници.
Сезона 1: Материјали
Епизода #1: Невозможна мисија – лажни вести?
Епизода #2: Дали Македонија беше поканета во НАТО (ЕУ)?
Епизода #3: Договорот помеѓу Македонија и Грција
Епизода #4: Референдумот помеѓу кампањите?!
+ Боб Персон за интернет ботовите и лажните вести
Сезона 2: Антикорупција
ЗдравоЗаГотово е дигитална видео кампања која на иновативен и забавен начин ги информира, едуцира и соочува граѓаните со теми кои ги претставуваат предизвиците на нашето општество. Преку продукција на кратки видеа, кампањата обработуваа теми кои доминираат во медискиот простор и имаат значајно влијание врз формирањето на ставовите на јавноста.
ЗдравоЗаГотово
Сезона #02: Антикорупција
Кампањата има за цел да ги зголеми информациите и да се намали прагот на толеранција на граѓаните кон секаков вид корупција и општо кршење на владеењето на правото. Кампањата се обраќа на граѓаните и нашата лична подложност на корупција, без разлика на намерата, корупцијата како култура и традиција вкоренета во системот. Кампањата ги соочува граѓаните со нивната перцепција и вклученост во корупцијата на подлабоко, повеќе лично ниво.
Пpоектот е наменет за потикнување на критичкото размислување и медиумска писменост.
Кампањата во целост се реализира преку социјалните медиуми (Facebook, Instagram & YouTube).
Сезона 2: Материјали
Епизода #01: Сè што сте сакале да знаете за корупцијата!
Епизода #02: Администрација со супер моќ!
Епизода #03: Делете ја, парчете ја!
Епизода #04: Еден за сите
Епизода #05: Баш од мене почнавте?!
Епизода #06: Бизнисот не смее да трпи!
Епизода #07: Антикорупција без запршка
Епизода #08: Кој сака да биде корупционер?
+ Проф. д-р Елеонора Серафимовска: Спирала на тишина















