European Film Challenge е заедница на љубители на европскиот филм желни да го доживеат киното од првиот ред преку содржини од зад сцената, филмски препораки и екслузивен пристап до европските филмови и првокласните филмски фестивали.
Проектот се состои од предизвик во кој љубителите на филмови се предизвикани да гледаат 10 европски филмови во текот на 10 недели, со шанса да освојат екслузивен билет до Топ А филмски фестивали како што се Берлинскиот Филмски Фестивал, Кански филмски фестивал и Венецискиот филмски фестивал.
Овој проект е поддржан од програмата МЕДИА – Креативна Европа и иницијативата на Европската филмска индустрија да поттикне и да ангажира млада публика и се спроведува заедно со партнери од Босна и Херцеговина, Чешка, Латвија, Литванија, Португалија, Србија и Северна Македонија.
Дајте и ја главната улога на публиката и публиката ќе стане главна.
Материјали










