Ние веруваме дека иновацијата – создавањето и усвојувањето на нови идеи – е клучот за човечкиот напредок, просперитет и среќа.
Центарот за социјани иновации БЛИНК 42-21 невладина и непрофитна организација основана во 2011 година. Организацијата е насочена кон идентификување на социјални проблеми, развивање на социјално иновативни проекти и нивно поврзување со индивидуи и групи.
Блинк 42-21 е платформа која ги поврзува луѓето посветени на идејата дека социјалните иновации би можеле да доведат до економски, образовни и општествени трансформации и културни предизвици во можностите за доброто на општеството.
Развиваме нови идеи, програми и модели за зајакнување на граѓаните и институциите, промоција на граѓанско учество, подобрување на јавни политики и услуги, иновации во образованието и креативната економија со користење на технологијата за да одговориме на општетсвените предизвици.