QR (Quick Response) кодовите овозможуваат лесен пренос на информации преку QR читачи кои се достапни на мобилните телефон. Нивната едноставност ги прави широко применливи во различни аспекти од општественото живеење. Во последните години стануваат исклучително корисни во промоција на туристички понуди, a одговараат и на потребите на современата културно-уметничка сцена.

Преку овој проект  ќе биде креирана мобилна апликација- QR и аудио водич (QR & Audio self-guiding tour) која ќе овозможи нов начин на самостојно истражување на културното наследство на археолошкиот локалитет Стоби. Со користење на оваа апликација која ќе создаде виртуелна мапа на целиот локалитет, посетителите ќе можат самите да ги креираат своите тури. Посетителот ќе добие аудио и визулена информација за секој објект со скенирање на секој QR код, ќе може да гледа каде се движи, колку објекти посетил и што уште му преостанува.