Игра за промени – дигитална симулациска – едукативна алатка за зајакнување на отпорноста на заедниците“

Проектот „Игра за промени – дигитална симулациска – едукативна алатка за зајакнување на отпорноста на заедниците“- ја користи гемификацијата во образованието како иновативна алатка за едукација во современата средина за учење.

“Гемификацијата” се дефинира како примена на елементи на играње на игри во други области со специфична цел да се вклучат корисниците во решавање на проблеми. Гемификација директно влијае врз вклученоста и мотивираноста и индиректно води кон стекнување на повеќе знаења и вештини. Гамификација ги охрабрува учениците на акција и на глобално ниво е еден од најпопуларните и најпосакуваните трендови за учење меѓу учениците.

Со проектот, ќе продуцираме сериозна игра како алатка за едукација и обука за наставниците, ученици и младински работници за препознавање и превенција на социјален и економски проблем, а тоа е радикализација на младите, што резултира во екстремизам, насилство и тероризам.

Таргет групи (или директни корисници) на проектот се:

  • Средни училишта ( во 5 општини: Чаир, Тетово, Гостивар, Струга и Куманово )
  • Наставници
  • Ученици
  • Претставници на HBO и младински работници

Предмет: Барање за ангажирање на експерти бр. 02/2019

Датум на објавување: 02.09.2019 година                                                                                                       

Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 од август 2019 година започна да го реализира проектот „Игра за промени – Дигитална симулациска игра – едукативна алатка за зајакнување на отпорноста на заедниците“, со грант Договор бр. HED/ADM/GRC/2019/0017 од 28/05/2019 год., со Хедаја- Центарот за екселенција. Проектот е со времетраење од 12 месеци и финансиски поддржан од STRIVE Global Program на Европската Унија. Дел од активностите на проектот е и изработка на проценка за употребата на гемификација како едукативна алатка за да се спречи радикализација која води кон насилен екстремизам и за истата го објавуваме овој повик за ангажирање на експерти.

Ве покануваме да ја доставите Вашата понуда за испорака на услуги (квалитативна и финансиска) согласно деталите во повикот.

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА АНГАЖМАН НА ЕКСПЕРТИ 02/2019

———————————————————-

Предмет: Барање за доставување на понуди бр. 01/2019

Датум на објавување: 21.08.2019 година   

Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 од август 2019 година започна да го реализира проектот „Игра за промени – Дигитална симулациска игра – едукативна алатка за зајакнување на отпорноста на заедниците“, со грант Договор бр. HED/ADM/GRC/2019/0017 од 28/05/2019 год., со Хедаја- Центарот за екселенција. Проектот е со времетраење од 12 месеци и финансиски поддржан од STRIVE Global Program на Европската Унија. Дел од активностите на проектот е и изработка на проценка за употребата на гемификација како едукативна алатка за да се спречи радикализација која води кон насилен екстремизам.

Ве покануваме да ја доставите Вашата понуда за испорака на услуги согласно деталите во повикот:

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 01/2019