Студентски проект за е-застапување

Проект за зајакнување на капацитетите на младите со вештини за е-застапување на теми како владеење на правото, младински активизам и бизнис развојот преку социјални медиуми.

Преку изработена едукативна методологија за е-застапување, проектот овозможува организирање на ефикасни тренинзи за млади со цел да се запознаат со основите за креирање на стратегија за е-застапување и тоа: планирање на кампањи, сегментирање на публика и алатките кои можат да се користат за пренесување на пораките и влијание врз саканата публика.

Проектот опфати серија на тренинзи со студенти при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“ во Скопје. Од организираните тренинзи произлегоа серија на идеи за кампањи преку социјални медиуми кои ќе ги застапуваат интересите на младите на теми како владеење на правото, младински активизам и бизнис развојот. Сите учесници имаа можност да ги презентираат своите идеи на едно дневна конференција одржана во Скопје.