ЗдравоЗаГотово

Проектот е наменет за потикнување на критичкото размислување и медиумска писменост.

ЗдрвоЗаГотово е видео кампања која ги разобличува лажните вести и ги прикажува медиумската манипулација преку откривање на тоа како одредена тема е обликувана и искривена со користење на лажни вести.

На овој начин кампањата ги покажува тактиките и стратегиите кои се користат кога одредена тема е покриена во медиумите преку лажни вести и дезинформации, наместо да се фокусира само на разоткривање на одредени лажни вести. Финалниот ефект е креирање на производ кој го прикажува контекстот на лажните вести, надополнат со промоцијата на алатки за анализирање и конзумирање вести. Носечки дел на кампањата ЗдрвоЗаГотово беа  4 продуцирани видеа кои обработуваа теми кои доминираат во медискиот простор и имаат значајно влијание врз формирањето на ставовите на јавноста.

Кампањата во целост се реализираше преку социјалните медиуми и за кратко време овозможи преку 200.000 прегледи и 20.000 интеракции од Фејсбук корисници.

Невозможна мисија- лажни вести? – https://www.youtube.com/watch?v=iN7orsmZa-Y

Дали Македонија беше поканета во НАТО (ЕУ)? – https://www.youtube.com/watch?v=Hxu0HAuXFaI&t=1s

Договорот помеѓу Македонија и Грција – https://www.youtube.com/watch?v=69Ti-CQLw8Y

Референдумот помеѓу кампањите!? – https://www.youtube.com/watch?v=TuWXjiDfapg&t=3s

Боб Персон за интернет ботовите и лажните вести! – https://www.youtube.com/watch?v=bO_1a2bByc4